Гатузо бесен: Истите глупави грешки…

Џенаро Гатузо не го криеше бесот откако Наполи одигра уште еден потпросечен натпревар губејќи со 2-1 на гостувањето против Џенова. Градењето на акциите од сопствената половина повторно се покажа како сериозен проблем за „наполитанците“, бидејќи токму по една таква грешка Џенова го отвори резултатот преку Горан Пандев.

Стратегот на Наполи е свесен за проблемот, но потенцира и дека истиот е тешко решлив поради пеколниот ритам на натпревари.

„Ова не е првпат да ни се случува истата работа, да креираме шанси, да промашуваме, а на спротивната страна да примаме наивни голови. Немам што посебно да кажам, ги повторивме истите глупави грешки, накратко речено – самите им создадовме на домаќините две шанси кои ги претворија во водство од 2-0, по кое не усепавме да се вратиме. Ова се почетнички работи, позиционирање и пренесување на топка од сопствената половина, а ние ги грешиме речиси на секој натпревар. Не знам како би го решил проблемот бидејќи немаме време да работиме на тоа на тренинзите, со оглед на фактот дека играме натпревари на секои три дена“, истакна Гатузо.

Се вчитува...