Новиот селектор на Италија, Џенаро Гатузо се потсети на деновите кога ја презеде улогата да биде селектор на репрезентацијата на Италија. Тој беше без клуб откако го напушти Хајдук Сплит, и неговиот избор за многумина беше големо изненадување.
Меѓутоа под негово водство, Италија оствари добри резултати и имаше само еден пораз од Норвешка во финишот од квалификациите, со кој „азурите“ ќе мораат да играат во бараж за да се пласираат на Мундијалот 2026 година.
„Кога ми беше понудена можноста да ја тренирам репрезентацијата, веднаш прифатив, без да ги земам предвид добрите и лошите страни. Прифатив и не жалам за ништо. Горд сум што ја претставувам мојата земја. Се чувствувам привилегиран, многу среќен човек. Имам можност да ја тренирам италијанската репрезентација и мислам дека милиони луѓе би сакале да бидат во мои чевли. Имаме голема одговорност, но ја чувствував и кога имав 12 години кога пристигнав во Перуџа. Цел живот живеев под притисок. Се надевам дека ќе направам се што е во моја моќ, заедно со играчите, да донесам радост во цела Италија“, рече Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

