Италија со два гола во второто полувреме го скрши отпорот на Северна Ирска и се пласираше во финалниот бараж за СП 2026, во кој „аѕурите“ ќе гостуваат на селекцијата на БиХ.
Селекторот Џенаро Гатузо е свесен што ја очекува неговата репрезентација, на жешкиот терен во Зеница на 31 март.
„БиХ игра во формација 4-4-2, ќе играме пред жешка публика против ривал со голем број искусни поединци. Босанците знаат одлично да се затворат и да чекаат шанса за своите напаѓачи. Пред нас е уште еден исклучително тежок меч. Победата над Северна Ирска нема да значи ништо ако не славиме против БиХ. Босна и Херцеговина за нас е како Монт Еверест, врвот што мораме да го освоиме. Влогот е огромен“, прокоментира Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

