После уште еден дебакл на Италија, федерацијата размислува за отказ на Џенаро Гатузо, и тоа веројатно ќе се случи. Во јавноста веќе се наметнуваат кандидати кои би можеле да го заменат Гатузо, кој не успеа да ја однесе репрезентацијата на Мундијалот оваа година.
Договорот на Гатузо истекува во јуни, а со оглед на тоа дека се очекува и оставка на претседателот на федерацијата, Гравина, речиси е невозможно да се очекува тој да остане на функцијата.
Засега кандидати се повратницџите Роберто Манчини и Антонио Конте. Конте е под договор со Наполи, засега поверојатен е „кам-бек“ на Манчини, меѓутоа и нему му „виси“ еден пораз во бараж на СП.
Италијаните „сонуваат“ и за една невозможна комбинација. Тоа е Пеп Гвардиола, кој најверојатно ќе ја напушти клупата на Сити на крајот на сезоната, но тешко е за верување дека ќе ја прифати евентуалната понуда да ја предводи селекцијата на „азурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

