Гатузо: Еднаш ја видов мајка Богородица лице в лице и затоа ќе упатам совет до моите играчи – Почитувајте го фудбалот!

Џенаро Гатузо на стартот од сезоната има половичен успех од две победи и два порази по четири комплетирани рунди во Примера.

Резултати кои носат измешани емоции кај тренерот кој во претходните две кола сметаше дека тимот заслужи барем бод на натпреварите со Атлетико и Атлетик Билбао.

По двата порази, Валенсија вчера го одигра најдобриот натпревар во ерата на Рино и победи со убедливи 5-1 против Хетафе, меч кој Гатузо го посочи како патоказ за неговиот млад тим, со исклучок на последните 15 минути.

„Победивме со 5-1, но на крајот го завршувам мечот малку нервозен. Примивме гол, почнавме да играме опуштено и немавме додавања. Добивме и црвен картон кој беше комплетно непотребен. Секогаш треба да се игра максимално, концентрирано. Јас загубив во финале во Лигата на шампионите иако водевме со 3-0 на полувреме против Ливерпул и ја видов мајка Богородица лице в лице. Поентата ми е следна … Мора да се почитува фудбалот, мора да се почитува ривалот и секогаш да го дадете најдоброто, до последната минута“, изјави Гатузо.

Се вчитува...