Гатузо го пронајде виновникот за бламажата на Хајдук: „Прашајте го него…“

Џенаро Гатузо со елиминација на Хајдук од Ружомберок во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА го доживеа едно од најголемите понижување во неговата тренерска кариера.

Но, Гатузо смета дека тоа не е негов пораз, но мора да се знаат одредени случувања во клубот кои влијаеле на тој резултат.

„Ова не е мој личен пораз. Ова боли и боли, но таков е фудбалот. Загубивме неверојатен натпревар, имавме 5-6 чисти шанси. Во фудбалот треба да постигнете гол. Што да му кажам на тимот? Страдавме цел натпревар поради загубена топка. Но, 15-ти август е, мора да гледаме напред и да извлечеме нешто позитивно од ова“ – изјави по синоќешниот меч Гатузо, индиректно посочувајќи каде лежи вината – пред се мислејќи на спортскиот директор Никола Калиниќ.

„Јас сум само тренер кој тренира играчи, тие што ги има. Клубот добро ја знае ситуацијата, знае што ми треба. Тие знаат дека ми требаат уште играчи. Немаме тим за игра на два фронта. Има многу млади играчи кои не се подготвени, но ќе растат со текот на времето. После таков пораз не би зборувал за играчите кои би можеле да дојдат. Тоа се прашања за спортскиот директор и претседателот киј може да кажат каква е ситуацијата“.

Се вчитува...