Џенаро Гатузо е најактуелен на европската клупска фудбалска сцена во изминатите 24 часа, екс-тренерот на Наполи влезе во конфликт со управата на Фиорентина и денеска се раздели од „виолетовите“, за попладнево да стигне информација дека поранешниот италијански репрезентативец е подготвен за преселба во Премиер-лигата, и тоа како предводник на Тотенхем.
Лондонскиот клуб повеќе од еден месец безуспешно бара нов стратег, а по доаѓањето на Паратичи за нов спортски директор се чинеше дека е завршена работата со екс-тренерот на Рома, Пауло Фонсека. Сите детали беа договорени, за денеска беше најавен потписот на договорот, но буквално во „пет до дванаесет“ целиот „дил“ падна во вода, а „спарси“ вниманието го насочија кон Гатузо.
Британските медиуми најавуваат дека преговорите се почнати уште од вчерашниот ден, кога се појавија и првите информации за „војната“ на Гатузо во Фиренца, по што истите се интензивираа откако овој стручњак доби отказ од Фиорентина. Се очекува во следните 24 часа да биде постигнат целосен договор, по што Гатузо би заминал за Лондон на потпис и промоција во новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА