Иако и оваа сезона посакуваа и се надеваа, навивачите на Хајдук очигледно нема да ја освојат титулата ниту сега. Со поразот на домашен терен од Динамо Загреб, Хајдук може полека да почне да се простува од шампионска титула.
Уште една пропадната сезона за гигантот од Сплит, и покрај тоа што на клупата беше доведено големо фудбалско име. Сите надежи беа положени во Џенаро Гатузо, но очигледно и тој се вклопи во повеќе децениското сивило на клубот, кој догло време чека на титула во Хрватска.
Сепак, веројатно Италијанецот веќе почна да ги брои своите последни денови од мандатот во Хајдук. А, како доказ за тоа е тоа што Гатузо го откажал закупот на куќата во која живеел во близина на Сплит.
И покрај тоа што има договор до 2026 година, сепак, веројатно Гатузо ќе се раздели од Хајдук, а згора на тоа ќе добие и отштета.
„Белите“ до крајот на сезоната ќе играат со Горица, Ријека и со Шибеник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

