Репрезентацијата на Италија ќе мора преку баражот да брка пласман на Мундијалот идната година. Италија најпрво ќе игра со Северна Ирска на домашен терен, а потоа ако триумфира, ќе игра со подобриот од Велс и БиХ за пласман на Светското првенство.
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо добро се сеќава на мечот со Македонија на минатиот бараж за СП 2022 во Катар, и вели дека таа грешка не смее да се повтори.
„Не смееме да направиме грешка како пред четири години против Македонија. Мораме да сфатиме дека во модерниот фудбал нема лесни натпревари“, рече Гатузо за „Туто Меркато“.
„Северна Ирска може да ни создаде проблеми. Мораме да бидеме подготвени на секакво сценарио, и да реагираме веднаш доколку нешто лошо се случи. Целата нација очекува да се пласираме на Светското првенство, но треба да останеме смирени со позитивен менталитет, за земјата и за оние кои го претставуваме овој дрес“, вели Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

