Гатузо: Ова е загрижувачки, можеме само да им се извиниме на навивачите…

Огромно е разочарувањето во италијанскиот табор откако поранешниот светски првак се посрамоти на домашен терен губејќи со 1-4 од Норвешка.

Шансите за директен пласман на СП 2026 секако беа само теоретски (се бркаше победа од најмалку девет гола разлика), но селекторот Џенаро Гатузо со право е разочаран бидејќи со ваква игра не може да се надева на успех ниту во претстојниот бараж.

„Вакви натпревари не смееме да губиме со 1-4, кога играме клучен меч пред нашите навивачи. Секако дека сум загрижен, би бил лажго кога би рекол нешто друго. Мораме да преземеме одговорност и да им се извиниме на навивачите, овој дуел беше идеален со победа да си ја кренеме самодовербата пред баражот, а се случи токму спротивното. Не верувам дека проблемот беше во физичката подготвеност, туку што непотребно се повлековме и им дозволивме да доминираат. Веќе не знаевме да ја изнесеме топката, фудбалерите престанаа да се движат онака како што се имавме договорено и сето тоа се одрази на играта. Тоа е она за што најмногу жалам“, изјави Гатузо.

Се вчитува...