Гатузо пак го „бетонираше“ Трајковски, Хајдук губи здив во трката за титулата

Хајдук втор викенд по ред остана без значајни бодови во трката за титулата во хрватското првенство откако сплитските „бели“ вечерва одиграа само 1-1 на гостувањето против Вараждин.

Александар Трајковски минатиот викенд беше херој на Хајдук со гол во 98. минута, но Македонецот вечерва не доби шанса повторно да блесне за својот тим. Иако Хајдук бркаше победа, Гатузо во финишот им даде шанса на неколку млади играчи од младинската академија, оставајќи го Трајковски на клупата.

Гостите од Сплит од 16. минута беа со играч помалку на теренот по црвениот картон на Диало, Вараждин поведе преку Вук пред крајот на првото полувреме, а „белите“ во вториот дел успеаја да спасат барем еден бод со пеналот на Марко Ливаја.

Македонските интернационалци Марио Младеновски и Димитар Митровски ги одиграа сите 90 минути за Вараждин и беа меѓу најдобрите на теренот за својот тим.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...