Гатузо пречкрта двајца во Хајдук: Подобро да губиме мечеви, отколку достоинство

Хајдук есенската полусезона во хрватската лига ќе ја затвори со гостување кај Шибеник. Мечот започнува во 17:30 часот, а Хајдук влегува во мечот на делба на првото место со Ријека.

Пред натпреварот Гатузо го најави дуелот, и исто така истакна дека на двајца играчи повеќе не смета. Станува збор за фудбалерите Дајаку и Бенраху.

„Како тренер имам правила и барам од играчите да ги почитуваат. Пристапот треба да биде добар и кога победуваат и кога губат. Не е до нив да се грижат за играње, туку да бидат подготвени да играат во секое време. Не ми се допаѓа негативност. Овие двајца играчи донесоа многу негатива. Има и други играчи кои се негативни. Додека сум тренер, без разлика дали се работи за месец или три години, ќе играат и момчиња од 15 години. Подобро да губам натпревари, отколку достоинството“, изјави Гатузо.

Се вчитува...