Џенаро Гатузо е веќе блиску до клупата на Италија, пренесуваат италијанските медиуми.
Како што пишуваат Италијанците, Гатузо веќе почнал да го составува стручниот штаб на националниот тим. Еден од неговите помошници треба да биде и Андреа Барзаљи.
Поранешниот стратег на Наполи и на Милан не се прослави на клупата на сплитски Хајдук, тој неодамна и официјално си замина од „Пољуд“, a сега е пред промоција во италијанската репрезентација.
Покрај Гатузо, како кандидати за преземање на националнот тим на „аѕурите“ се спомнуваат и Стефано Пиоли и Фабио Канаваро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

