Гатузо пристигна во Сплит – погледнете како е пречекан (ВИДЕО)

Новиот тренер на Хајдук Сплит, Џенаро Гатузо денеска слета на аеродромот во Сплит за утрешното големо претставување како нов тренер на овој славен хрватски клуб за кој настапув и Македонецот Александар Трајковски. На аеродромот легендарниот Италијанец беше пречекан од страна на претседателот на клубот, Иван Вилиќ.

Гатузо кој важи за легенда на Милан и италијанската репрезентација по крајот на кариерата заплива во тренерските води, но без поголем успех. Хајдук ќе биде неговиот деветти клуб во кариерата. Најдолго се задржа во Милан и Наполи со кој воедно го освои и единствениот трофеј во Купот на Италија во 2020 година.

Како изгледаше пречекот на Гатузо низ фотографии и видео може да погледнете ТУКА.

Се вчитува...