Гатузо се пожали на условите во Хајдук: Во последните денови тренираме на „нива за компири“

Хајдук викендов ја очекува дерби меч со Осијек во Хрватска, а тренерот Џенаро Гатузо откри со какви проблеми се соочувал во последните неколку денови.

Тој уште еднаш ја критикуваше лошата инфраструктура, а потоа ги повика играчите на внимание, затоа што поради лошото време изминатите денови би можело да дојде до несакани повреди.

„Последните неколку денови паѓаше многу дожд, а овие терени тука не можат сето тоа да го поднесат. Ги повикувам играчите на внимание. Во последните денови трениравме на поле за компири. Сепак, големо благодарам до играчите кои даваат 100 проценти од себе“, рече Гатузо.

Се вчитува...