Џенаро Гатузо „куртули“ од суспензија и ќе може да го води Милан на големото градско дерби против Интер што е на програмата пртстојниот викенд. Темпераментниот стратег беше исклучен во првото полувреме од дуелот со Киево и му се закануваше суспензија, но „дисциплинците“ решија тој да мине само со парична казна од 15.000 евра.
Таква милост не беше покажана кон Џанпјеро Гасперини од Аталанта, кој беше казнет со еден меч суспензија и 15.000 евра поради туркање на секретарот на Сампдорија, Масимо Јенка.
Суспензии од по еден натпревар во пресрет на 28. коло од Калчо-лигата заработија: Бурабија (Сасуоло), Брадариќ (Калјари), Имобиле (Лацио), Опоку (Удинезе), Скоцарела (Парма), Валоти (СПАЛ) и Веретут (Фиорентина).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

