Се чини дека Џенаро Гатузо нема долго да чека за нов ангажман по отказот во Хајдук Сплит бидејќи за негов ангажман постои сериозен интерес од страна на тим во најелитното италијанско натпреварување, Серија А.
Гатузо е на листата на желби за наследник на Паоло Ваноли во Торино за кој незадоволство искажа и претседателот на клубот, Урбан Каиро по поразот од Рома во последното коло од шампионатот.
Покрај Гатузо интерес постои и за Доменико Тадеско, поранешниот селектор на Белгија и Алберто Гиладино кој беше желба на клубот и минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

