Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, и официјално го презеде кормилото на Наполи и ќе биде нов шеф на стручниот штаб чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување за уште една сезона доколку и двете страни се задоволни од соработката.
Гатузо доаѓа на местото на Карло Анчелоти кој доби отказ по слабите резултати во Серија А.
„Сегашниот пласман на Наполи е во најмала рака понижувачки. Ќе мораме тоа брзо да го подобриме. Наполи е голем клуб и чест ми е што ќе го предводам тимот. Можам да ветам напорна работа и се надевам на многу поуспешно продолжение на сезоната“, изјави Џенаро Гатузо при презентацијата во новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

