Гатузо: Тренерот не е виновен за грешките на фудбалерите

Хајдук испушти нови значајни бодови во хрватскиот шампионат откако во 4. коло ремизираше на гостувањето кај Истра со 1-1. Со тоа избраниците на Џенаро Гатузо заостанаа четири бодови зад лидерот Динамо Загреб.

Италијанскиот стратег имаше интересна изјава по натпреварот критикувајќи ги своите фудбалери кои не беа умешни во завршницата и покрај изгледните шанси.

„Беше натпревар кој го очекувавме. Истра е тим која може да те казни од контранапади и тоа се виде. Имавме доста шанси, но кога топката не сака да влезе во гол, тогаш е незгодно да победите.

Кога тимот не креира, најголем проблем е да отидеш дома со бројни прашања. Кога креираш и промашуваш тоа не е лесно. Ние сме Хајдук, имаме многу навивачи. Но, тренерот не може да направи ништо кога играчот греши. Не е прв пат тоа да ни се случува. На мене е да се обидам да го решам тоа. Кога се гледа целиот натпревар, штета е што не победивме. Задоволен сум од нашата игра. Глава горе, одиме понатаму“, изјави Гатузо.

Се вчитува...