Џенаро Гатузо беше најавен како нов тренер на Фиорентина пред само 20 дена, но италијанскиот стратег и клубот решија да ја прекинат соработката поради недоразбирање во трансфер политиката.
Во изминатите денови дошло до жестока кавга помеѓу темпераментниот Гатузо и раководството на Фиорентина кој резултираше со разделба. Како причина италијанските медиуми ја наведуваат желбата на тренерот да ангажира фудбалери кои се претставувани од неговиот агент Жорге Мендеш, нешто што не му се допаднало на раководството на клубот.
„Фиорентина и Гатузо заклучија дека немаат исти погледи за иднината на тимот и поради тоа нема да ја започнат следната сезона заедно. Наскоро ќе го објавиме новиот тренер кој ќе го води клубот кон резултатите кои Фиорентина ги заслужува“, стои на официјалната веб-страница на клубот.
Nota ACF Fiorentina: Gattuso#ACFFiorentina #Fiorentina #ForzaViola
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) June 17, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА