Гатузо замина, Хајдук веќе има нов тренер!

Хајдук не успеа да дојде до титулата во хрватскиот шампионат сезонава, завршувајќи на третата позиција зад Ријека и Динамо Загреб, а тренерот Џенаро Гатузо вчера го имаше последниот свој натпревар на клупата на сплитските бели.

Па, веќе денеска хрватските медиуми објавуваат дека нов тренер на Хајдук ќе биде Гонзало Гарсија, сегашниот тренер на Истра 1961.

Оваа вест ексклузивно ја објави порталот „Далматинец“, а според нивните информации се чека само официјалната потврда. Гонзало Гарсија има 42 години и е Уругвајец со шпанско државјанство. Во играчката кариера бил дел и од Реал Мадрид.

Како тренер, тој го водеше тимот на Истра во два наврати. Оваа сезона, Истра ослободи неколку многу интересни играчи, еден од нив е Винко Розиќ, а до последното коло беа во игра за пласман во Европа.

„Гарсија во принцип се договори за сè со Хајдук, останува приказната да добие официјална форма. Хајдук го избра од неколку кандидати за наследник на Џенаро Гатузо“ – пишува во информацијата на далматинскиот портал.

Се вчитува...