Италија не успеа да се пласира на трето по ред Светско првенство. По пропуштањето на СП 2018 во Русија и на СП 2022 во Катар, Италија нема да ја гледаме ниту на овогодинешниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.
Италијанците синоќа загубија од Босна и Херцеговина по изведувањето на пенали, и така останаа повторно со празни раце. Ова е разочарувачки резултат за Италија, која одново ги разочара своите фанови.
Џенаро Гатузо по мечот емотивно се обрати на јавноста. Се извини на целата нација што не успеа селекцијата да се пласира на Мундијалот, но рече дека е горд на момците.
„Момците не заслужија вакво нешто. Се мачевме, имавме шанси, но фудбалот е тоа. Горд сум на момците. Ако некој ги прободе со нешто, нема да излезе крв. Сакавме да одиме на СП, требаше да одиме, но ваков удар е тешко да се претрпи. Не сакам да зборувам за судии, не сакам да зборувам за ништо, тоа би било неправедно. Момците ме изненадија со тоа што го оставија срцето на теренот. Лично се извинувам што не стигнавме до СП. Мојата иднина во моментов е најмалку важна. Жал ми е, ова навистина боли“, рече Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

