„Гаучосите“ до бронза за утеха, Меси со две асистенции и црвен картон

Аргентина го освои третото место на Копа Америка откако во вечерашното „мало финале“ славеше над Чиле со 2-1. Репризата од последното финале на Копа Америка ќе остане запаметена по контроверзниот црвен картон што го заработи Лео Меси, кој влезе во вербален дуел со Гари Медел, за малку ќе изедеше и ќотек, по што зачуден мораше да го напушти теренот откако судијата ги исклучи и двајцата фудбалери.

Меси претходно беше најдобар поединец на теренот, асистирајќи при двата погодоци за Аргентина што ги постигнаа Агуеро и Дибала.

Чиле во второто полувреме успеа само да го ублажи поразот, и тоа со гол од сомнителен пенал што го постигна Артуро Видал.

Се вчитува...