Нецели шест месеци по новата тешка повреда во кариерата, Гави денеска конечно го имаше својот камбек на терените влегувајќи во игра во второто полувреме од убедливиот триумф на Барселона над Севилја.
Во изјавата по мечот, 21-годишниот плејмејкер го потенцираше значењето на тренерот Ханси Флик во тешкиот период по две сериозни повреди во така рана фаза од кариерата.
„Ханси Флик, тој човек ми е како татко, секогаш беше тука за мене. Ми помагаше, и при претходната повреда и при оваа новата. Благодарен сум што го имам крај себе, сто пати ми повтори дека верува во мене, знае дека ќе се вратам посилен по две тешки повреди. Не можам да ја опишам благодарноста што ја чувствувам, се надевам дека ќе остане уште многу години на чело на Барса“, изјави Гави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

