Гави испиша нова страница во историјата на шпанскиот фудбал, срушен рекордот на Ансу Фати

Фудбалерот на Барселона, Гави беше еден од стрелците за Шпанија во ремито на гостувањето кај репрезентацијата на Чешка.

Одличниот играч беше „херој“ на „црвената фурија“, успевајќи да го израмни резултатот во Прага. Тој со овој погодок го сруши рекордот во сопственост на Ансу Фати. 17-годишникот стана најмлад стрелец во историјата на шпанската селекција.

Моментално тинејџерот е во преговори за да остане во Барселона. Разговорите меѓу двете страни се активни, а каталонскиот гигант има мали проблеми поради финансиската криза во која што се наоѓа.

Се вчитува...