Еден од најголемите шпански и светски фдубалски таленти, Гави, по пауза од 300 дена почна да тренира со екипата на Барселона.
Тој имаше операција на предните вкрстени лигаменти на коленото по повредата на 19 ноември во квалификациите за Европското првенство на Шпанија против Грузија.
Гави поради повредата не беше во шампионскиот тим на „фуријата“ на ЕУРО 2024, а Барса не прецизираше кога 20-годишниот дефанзивен играч за врска ќе биде во првиот тим. Се очекува од октомври полека да влезе во ритам и во декември исто така да го заземе местото на стартер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА