„Ѓаволите“ без Кристијано Роналдо во градското дерби против Сити

Манаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, нема да може да смета на својата прва ѕвезда, Кристијано Роналдо во градското дерби против Манчестер сити кое денеска ќе се игра на „Етихад“.

Кристијано Роналдо се пожалил на повреда, па поради тоа нема да може да игра на денешниот натпревар, како не би се ризикувало за нејзино влошуваше пред реваншот со Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.

На денешниот меч ќе отсуствува и Единсон Кавани кој подолг период е надвор од терените. Уругваецот се врати на тренинзите, но не е доволно подготвен за да им помогне на соиграчите на „Етихад“.

Се вчитува...