Манчестер Јунајтед оствари убедлив триумф (4-0) над Челси во дербито на првото коло во Премиер – лигата. Тимот на Оле Гунар Солскјер комплетно го надигра составот на Франк Лампард на неговото премиерлигашко деби на клупата на лондонските „сини“.
Маркус Рашфорд од пенал ги доведе „ѓаволите“ во водство во 18.минута, Антони Марсијал зголеми на 2-0 во 65.минута. Само две минути подоцна Рашфорд уште еднаш се запиша меѓу стрелците и беше јасно дека Манчестер Јунајтед ќе оствари сигурен триумф. Во завршницата и Даниел Џејмс ја затресе мрежата на Кепа Аризабалага за убедлива победа од 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА