Манчестер Јунајтед продолжува со извонредната серија настапи во 2019 година, откако „црвените ѓаволи“ прокнижија нови три бода со лесната победа од 0-3 на гостувањето против Фулам. Со тоа, Јунајтед за прват по пауза од десет години успеа да врзе шест победи на гостински терен во низа, успех што најтрофејниот англиски гигант го нема остварено уште од времето кога на клупата седеше Сер Алекс Фергусон.
Најзаслужен за ваквиот скок во формата на „ѓаволите“ дефинитивно е Оле Гунар Солскјер, кој успеа да ја претвори негативната атмосфера од неговиот претходник Жозе Мурињо во победничка машинерија составена од истите фудбуалери. Бројките на Солскјер се импресивни, 11 натпревари со десет победи и само едно реми (на домашен терен со Барнли).
Најзначаен триумф дефинитивно е оној на гостински терен против Тотенхем, но и победата во Лондон над Арсенал во рамките од ФА Купот на Англија. Ако на ова се додаде и импесивната гол-разлика 28-7, јасно е зошто во ПСЖ имаат право на загриженост пред осминафиналниот двомеч од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА