Шпанскиот репрезентативец во дресот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, вети дека еден процент од своите приходи ќе го одвојува за хуманитарни цели и сака наговиот пример да го следнат и другите фудбалери.
„Се надевам дека нема да бидам сам во ова. Ги повикувам и другите фудбалери да помогнат. Ние имаме среќа да го живееме својот сон. Ајде заедно да им помогнеме на децата да ја почувствуваат радоста и светлината“ – порача Хуан Мата.
Годишната заработувачка на Мата во Англија изнесува седум милиони фунти. Според неговото ветување тој ќе одвојува по 70.000 фунти за хумани цели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА