„Ѓаволски“ проблеми за Њуксал Јунајтед

Њукасл Јунајтед се очекува ова лето да остане без својот врвен напаѓач Александар Исак кој сака да реализира трансфер во редовите на Ливерпул и тоа по рекордна сума одвоена за ангажман на фудбалер во Премиерлигата.

Желбата на Исак го примора клубот од северот на Англија да најде адекватна замена, а истата е Бенџамин Шешко, словенечкиот репрезентативец кој со успех настапува во Бундеслигата носејќи го дресот на Лајпциг.

И покрај тоа што се чини дека реализацијата на овој трансфер е неминовна, Њуксал Јунајтед доби неочекувана конкуренција во Манчестер Јунајтед. Застапниците на „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со кампот на Словенецот, но тој се уште нема донесено одлука за тоа која ќе биде новата дестинација.

Се вчитува...