Русите неодамна добија санкции од ФИФА и УЕФА, па се исклучени од сите фудбалски натпреварувања поради инвазијата на Украина.
Во меѓувреме воената состојба во Украина и руското воено дејствување направија голем број спортисти и бизнисмени од оваа земја кои живеат во странство да патат поради санкциите, па рускиот милијардер Роман Абрамович одлучи да го продаде Челзи.
55-годишниот Абрамович се обврза сите пари од продажбата да ги проследи до жртвите од војната во Украина. Иако е подготвен во целост да го напушти актуелниот првак на Европа, Абрамович нема намера да се откаже од спортот.
Руските медиуми тврдат дека милијардерот е подготвен да формира Континентална фудбалска лига. Абрамович во оваа лига, според пишувањата на порталот inc-news.ru, очекува клубови од Русија, Кина, Србија, Израел и Бугарија, а во новиот формат на меѓуклупско натпреварување би учествувале и екипи од Белорусија, Казахстан и Финска.
Покровители на новото фудбалско првенство би биле руските олигарси, но и моќници од горенаведените земји, додека главен спонзор на проектот би бил Абрамович.
Сето ова делува како нереално и тешко остварливо, но ако нешто во последните години научивме во фудбалот е дека ништо не е невозможно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА