Интер го очекува напорен месец мај, со клучни натпревари за влез во Топ 4 во Серија А, но и полуфинални пресметки со Милан во рамките од Лигата на Шампионите.
Газдата на клубот, Стивен Жанг, најде начин дополнително да ги мотивира „нероаѕурите“, ветувајќи им одлична премија доколку успеат да го елиминираат Милан и да се најдат во големото финале на Лигата на Шампиони. Кинескиот газда останува во сенка на Масимо Морати, а свесен дека со атак на трофејот во ЛШ може да добие на реноме меѓу навивачите тој им соопштил на фудбалерите дека победа над Милан ќе им донесе – два милиони евра.
Секако, ова е вкупна сума што ќе биде поделена меѓу фудбалерите, но во кој случај е мотив плус за Интер да оствари позитивен резултат во двомечот со големиот градски ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА