Сопственикот на Челси Тод Бојли, има намера да го купи францускиот Стразбург, тврди „Екип“. Според овој француски медиуми, Бојли и бизнис партнерите веќе влегле во преговори со претседателот на клубот Марк Келер.
Ако дојде до зделка, би требало Бојли да добие 100% од акциите на клубот. Американецот е задоволен од финансиската ситуација на клубот, и можноста таму да се „калат“ играчите на Челси.
Во моментов во Стразбур е на 15-та позиција на табелата со 21 поени. Во недела гостуваат на Клермон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА