Газдата на Интер ќе заглави во затвор?

Првиот човек на Интер, Стивен Жанг, се соочува со затворска казна во Кина откако беше обелоденето дека против него се води судски спор за невратен кредит во висина од огромни 300 милиони евра.

Компанијата Сунинг со која раководи семејството Жанг беше една од најпогодените за време на коронавирусот, а загубите што ги претрпеа челниците на Интер ја надминаа границата од една милијарда долари. Тоа се одрази и врз ликвидноста, па така не се вратени дел од земените кредити, за што сега Стивен Жанг ќе треба да одговара пред судот во Хонг Конг.

Станува збор за кредит земен од „China Construction Bank (Asia)“, за кој претставниците на банката тврдат дека Жанг поседувал капитал да го врати, но успеал да го скрие недвижниот имот што го поседувал.

Доколку се утврди дека тоа е вистина, на Жанг му се заканува минимална затворска казна од три месеци, а рочиштето е закажано за 12 март.

Се вчитува...