Жалбата на сопственикот на Нотингем форест, Евангелос Маринакис против неговата казна за наводно плукање на судијата за време на натпреварот на неговиот тим против Фулам, е отфрлена од Комитетот за жалби на Фудбалската асоцијација.
Маринакис доби суспензија од Фудбалската асоцијација на Англија на пет натпревари минатиот месец по поразот од 0-1 на Нотингем форест со Фулам по обвинувањата дека го плукнал судијата на крајот од натпреварот пред влезот во тунелот.
Маринакис ја обжали оваа казна, но Комисијата за жалби не ја прифати и казната останува во сила. Во образложението се наведува дека нема оправдување за „ваквото неверојатно непочитување и грдото однесување“ кон судиите и официјалните лица на натпреварите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА