Газдата на Олимпијакос обвинет за трговија со дрога!

Хаосот во грчкиот фудбал од ден на ден станува се поголем, првиот човек на ПАОК може да заврши во затвор откако влета на терен со пиштол на појасот, а сега против претседателот на Олимпијакос, Вангелис Маринакис, е покренато обвинение за трговија со дрога.

Станува збор за големата афера „Ноор 1“, кога брод од Дубаи во Грција беше фатен од страна на полицијата со два тона хероин. Бизнисменот Макис Јасунакис веќе е осуден на доживотна казна затвор за овој случај, а дури сега е покренато официјално обвинение против Маринакис, кого може да го снајде иста судбина.

Дефинитивно, хаосот во грчкиот фудбал е сосема нормален ако се земе во предвид какви профили на луѓе ги водат водечките клубови.

Се вчитува...