Во таборот на Панатинаикос не можат да се помират со поразот на дербито со Олимпијакос, десетти неуспех по ред за „зелените“ во пресметки со вечниот ривал.
Тренерот Атаман јавно ги критикуваше крилните центри Хернангомез и Митоглу за загубената битка со Саша Везенков, додека првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос обелодени дека дел од кошаркарите биле пијани рано наутро помалку од 48 часа пред дербито со Олимпијакос.
„Почитувајте го клубот и договорите, илјадници навивачи поради вас не можеа да заспијат. Знајте, постојат мечеви чија важност морате да ја разберете. Јас некои работи не можам да прифатам, знам кој пиел алкохол, колку пиел и кога пиел. Нема да откривам имиња, но знам се. Пред два дена, бевте пијани во пет часот наутро. Тоа не можам да го прифатам“, истакна Јанакопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

