Газдата на ПАО со нова легендарна изјава: Во едниот пехар текила, во другиот вотка, а во третиот…

Ексцентричниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, кој често е во центарот на вниманието поради своите провокативни изјави, е решен да не гледа реприза на атинските зелени од минатата сезона.

Иако наследникот на фармацевтската империја е свесен дека малку доцнел со организирањето на новогодишниот коктел, кој се одржа дури во март, Јанакопулос им честиташе на присутните за влегувањето во 2026 година и посака сè да биде добро за сите во однос на здравјето, приватниот, но и професионалниот план.

А кога станува збор за предвидувањата за тековната сезона, Јанакопулос неколку пати повтори дека е многу оптимист во врска со резултатите и повторно нагласи дека Панатинаикос е најдобриот тим со најдобрите играчи, тренер, сала и навивачи во Европа.

„Само прашање на време е кога сите три пехари ќе бидат на таа маса на крајот од годината. Каде што заедно ќе го прославиме крајот на сезоната на 22 јуни, мојот роденден. Сите сте поканети. Ќе ставиме текила во едниот пехар, а вотка во другиот. А, во третиот Кендрик? Коњак? Ти си мојот човек“, изјави Јанакопулос. 

Се вчитува...