Веќе неколку денови во јавноста се појави информација дека Килијан Мбапе ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид, и дека тоа е веќе готова работа. Сега се огласи и сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, кој се одлучи да ја каже вистинската приказна.
Мбапе има договор до крајот на оваа сезона, и потоа како слободен може да бира каде сака да оди. Веќе може и да почне преговори со потенцијалните клубови.
Веднаш се појавија информации дека трансферот во Реал Мадрид е договорен, а не е тајна дека „кралевите“ веќе неколку години се обидуваат да го потпишат. Најголемите медиуми во Шпанија и во Франција тврдат дека двете страни веќе се договориле, и дека се очекува само официјална промоција.
Со свој став се јави и Ал Келаифи, кој кажа за иднината на Мбапе, и малку ги олади надежите на навивачите на Реал Мадрид.
„Кога ќе донесеме одлука, ќе ја соопштиме. Со Мбапе не се случи ништо. Ама баш ништо“, порача Ал Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА