Газдата на ПСЖ збесна: Кој глуми ѕвезда, а не игра фудбал, може да си оди

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер ал-Келаифи, се огласи првпат по завршувањето на сезоната во која неговиот клуб повотрно беше неуспешен во Лигата на шампионите. Во интервју за „France football“ тој вели дека во клубот е завршена ерата на скапи ѕвезди кои не работат.

„Играчите мора да преземат многу повеќе одговорност. Се мора да биде комплетно поинаку. Тие не се тука за нивно лично задоволство. Ако не се согласуваат, чао. Вратата им е отворена. Нема веќе да толерирам однесување како славни личности. Сфатив дена промените се неопходни. Ако не се подобрат работите не одиме никаде“ – вели сопственикот на богатиот француски клуб.

Ал-Келаифи беше тивок неколку месеци и не зборуваше за клубот во јавност. Особено голем удар за ПСЖ се смета елиминацијата од Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Шампионската лига.

Се вчитува...