Газдата на Шкупи револтиран: „Политика во фудбалот… Тоа вчера беше договорено сценарио… Јас и Шкупи повеќе не постоиме во фудбалот во Македонија“

Сопственикот на Шкупи, Олгун Ајдин се огласи со соопштение за јавноста по вчерашниот натпревар меѓу Вардар и Шкупи на арената „Тодор Проески“ во Скопје на кој црвено-црните славеа со 3-2.

Од Шкупи се силно револтирани, истакнувајќи дека судиската тројка очигледно под нечие сценарио и нарачка судила во корист на Вардар, велат дека последниот погодок за домашните бил од очигледна офсајд позиција за што сведочела целокупната македонска спортска јавност.

СООПШТЕНИЕТО ОД ОЛГУН АЈДИН ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

По вчерашниот срам, за жал уште еднаш видовме е издаден фудбалот и се воведува политика во фудбалот. Судијата „убиец“ на нашиот тим повторно се појави на сцената да го одлучи натпреварот против големиот ривал, Вардар.

Ние како клуб и претходно предупредивме на такво нешто и се спротивставивме на истото, отворено искажувајќи ги проблемите што ги имаме со овој судија. Но, истиот веќе беше назначен за судија од врвот, па нашите приговори околу неговото делегирање воопшто не беа земени предвид. За срамот да биде уште поголем, тие што бесрамно го организираа целото ова валкано сценарио, тие што предизвикаа овој судија да биде назначен со надворешна режија, тие што го назначија судијата, по крајот на натпреварот му се јавуваа и му честитаа за успешно завршената работа. Овој срам, овие валкани игри веќе ги поминаа сите граници, па затоа ве известуваме дека повеќе нема да бидеме дел од оваа валкана игра.

Во оваа прилика сакаме да ги информираме сите дека јас и фудбалскиот клуб ФК Шкупи повеќе не постоиме во оваа лига. Ние веќе нема да бидеме дел од оваа валкана игра, во ова купување и продавање и дека нема да го дишеме истиот воздух како овие продадените.

Впрочем, уште за време на самиот натпревар му се јавив на менаџерот на тимот, Емир Шабани и му реков во првото полувреме: ‘Тргнете го тимот од теренот, играта што се игра е јасна, срамот е чист“.

Сепак, Емир во тој момент помисли дека не е во ред тимот да се повлече.

„Мислев дека ако се случеше нешто друго, ќе го повлечеме тимот во вториот дел. Но, веќе беше доцна. Како што рековме, не можеме повеќе да го толерираме овој срам, оваа купопродажба“.

Ќе зборувам уште подетално во иднина на оваа тема, кој е вклучен во целата оваа валкана игра, кој што направил. Дали државата ќе го земе тоа предвид или не, не знам, но се надевам дека ќе се земе предвид тоа што ќе го кажам. Веќе имаме нова влада, нов премиер, има нова надеж во Македонија. Се надевам дека ќе се земе предвид тоа што го кажав, можеби на овој начин ќе придонесеме да се создаде водич за фудбалот во оваа земја.

„Им благодарам на сите, особено на оние кои беа со нас, но како што стојат работите, изгледа никој не беше со нас, сите се правеа дека се со нас, но во исто време ни правеа работи зад грб.

Емир Шабани е со нас седум години и многу му благодарам.

„Им благодарам многу на моите вработени, тие се најголемите работници во Скопје.

„Го сакаме ФК Шкупи, ќе направиме се за него“, многу сме ги слушале овие зборови, но за жал секој на прво место ги става сопствените лични интереси.

Се надевам дека иднината ќе биде добра за Македонија. По неколку дена се надевам дека лично ќе излезам со уште една подетална изјава, каде ќе објаснам кој се договорил со овој судија, кој е вклучен во овие прашања, што се случува со фудбалот во Македонија. Фудбалот треба да го управуваат оние луѓе кои доаѓаат од фудбалот, фер и чесни луѓе треба да управуваат со него. Фудбалот треба да го управуваат луѓе кои играле фудбал. Луѓето не треба да бидат номинирани затоа што се пријател на една личност и партнер на друга личност. Се надевам дека тоа што ќе го кажам ќе се земе предвид, ако не, ништо повеќе не можам да направам.

Се вчитува...