Газдата на Спартак Москва позитивен на коронавирусот, итно хоспитализиран

Коронавирусот изминативе денови најголем раст на новопозитивни има во Русија. А, денеска и информацијата дека позитивен на Ковид-19 е и Леонид Федун, сопственикот на најтрофејниот руски клуб, Спартак Москва.

Московскиот клуб во краткото соопштение информираше дека Федун е хоспитализиран за следење на неговата состојба и поради мерки на внимателност.

Федун е еден од најбогатите Руси, сопственик на рускиот клуб од 2003 година. Во овој период клубот освои само една шампионска титула, во 2017 година.

Според последните информации, во Русија со коронавирусот е заразени 180.000 лица, а најзагрозен е московскиот регион.

Се вчитува...