Сопствениците на Формула 1, групацијата Либерти Медиа, предлага радикално решение што ќе ги направи трките многу поинтересни. Идејата е да се смени асфалтот на сите патеки со таков на кој ќе се трошат побрзо гумите.
Предлогот за преасфалтирање на доаѓа брзо по најавените промени во регулативата за 2019 година кои кај дел од тимовите наидоа на негативни критики.
По последните најави за промена на подлогата на патеките некои потсетија на коментарите на Берни Еклстон дека треба да се внимава промените да не почнат премногу да влијаат на натпреварите.
Друга работа врзана за најновиот предлог од „Либерти Медиа“ како што се истакнува е проблемот што ќе го имаат сопствениците на патеките кои ако го сменат асфалтот порано од предвиденото, тоа ќе им донесе дополнителни трошоци од околу 3 милиони евра.
Патеката во Барселона беше реновирана оваа година и на Ф1 болидите им одговараше обновената подлога, но таа се покажа многу тешка за Мото ГП серијата. Тоа пак укажува на проблемот дека ако се прават промени на патеките заради Формула 1, домаќините може да ги загубат другите натпреварувања и да влезат во финансиски проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА