Газдите се премислија: Манчестер Јунајтед не е за продажба!

Манчестер Јунајтед сепак нема да ја промени сопственичката структура во блиска иднина откако семејството Глејзер објави дека го повлекува клубот од продажба.

Американските милијардери во изминатите месеци водеа преговори со Шеик Јасим од Катар, како и со британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф. Двете страни понудија сериозни понуди, кои сепак беа далеку пониски од она што семејството Глејзер го бараше – огромни 10 милиони фунти.

Максималната понуда на Шеикот Јасим изнесуваше шест милијарди фунти, а откако стана јасно дека разликата меѓу понудата и она што го бараат актуелните газди е преголема, Американците донесоа одлука да се повлечат од преговорите.

Во семејството Глејзер владее убедување дека можат да ја достигнат сумата што ја бараат доколку клубот почне да бележи добри резултати и да освојува трофеи. Притисокот сега е врз Ерик тен Хаг, што нема да биде нималку лесно ако се знае дека холандскиот стратег поради лимитираниот буџет за засилувања остана без неколку играчи кои сакаше да ги доведе на „Олд Трафорд“.

Новиот пресврт ќе предизвика и големо незадоволство кај навивачите кои токму во семејството Глејзер го гледаат главниот виновник за големата резултатска криза на гигантот од „Олд Трафорд“. Приврзаниците на „црвените ѓаволи“ во изминатите месеци одржаа неколку протести против американските сопственици, тренд ште се очекува да биде засилен во блиска иднина.

Се вчитува...