Младинската репрезентација на Македонија игра фантастично во првото полувреме против Русија, во натпреварот за разигрување од петтото до осмото место на СП што се одржува во Алжир.
Нашите ракометни надежи по 30 минути игра имаат предност од 31-21 против „зборнаја“, одржувајќи и лекција на селекцијата која веќе ја совладаа во Алжир, во рамките од првото коло од групната фаза.
Русите успеваа да одржат каква таква неизвесност само петнаесетина минути, по што нашите ракометари заиграа поцврсто во одбраната, предноста од минува во минута се зголемуваше, за на крајот да изнесува огромни десет гола разлика.
Кузмановски со шест и Палевски со пет гола се најефикасни во нашиот табор, а еден гол постигна и голманот Томовски, кој од својата половина ја затресе празната мрежа на рускиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА