„Гази“ и на 40 години: Тијаго Силва во идеалниот тим на ФИФА Светското клупско првенство (ФОТО)

Челси е првиот освојувач на ФИФА Светското клупско првенство кое оваа година се одржа во посебен формат со 32 тима учесници. „Сините“ од Лондон во големото финале го декласираа ПСЖ славејќи со 3-0.

Очекувано, во идеалниот тим на натпреварувањето се најдоа најголем број на фудбалери од редовите на финалистите, а меѓу нив и еден кој настапуваше и за Чесли и за ПСЖ, легендарниот 40-годишен стопер Тијаго Силва.

Покрај него во идеалнтие единаесетмина место има и за: Боно, Хакими, Маркињос, Кукуреља, Витиња, Фернандез, Нето, Палмер, Ариас и Гарсија.

Се вчитува...