Спорскиот директор Тодор Гечевски е еден од примерите за лојалност и максимален професионализам кога станува збор за настапот во репрезентацијата низ годините.
Токму тој беше директно вклучен во разговорите Ненад Димитријевиќ да го облече репрезентативниот дрес во овие претквалификации, па сега не го крие разочарувањето од она што се случуваше со плејмејкерот на Хувентуд.
„Јас минав долги години во репрезентација, и кога бевме на врвот, но и кога се мачевме на дното, игравме при секакви услови бидејќи националниот тим секогаш ми бил светост. Мене ми е неразбирливо да не сакаш да играш за својата држава, да одбиеш да го облечеш тој дрес и да застанеш пред химната. Како пример би ја навел онаа 2011 година кога цел народ беше среќен, како може како спортист да не ти е мотив и ти да направиш нешто слично, да направиш два милиони народ среќен“, изјави Гечевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА