Гедбан и Дибиров се дел од „најдоброто во ЛШ“ (видео)

Двајца членови на Вардар, Тимур Дибиров и Калифа Гедбан, се најдоа на листите од Топ 5 најдобри голови и голмански интервенции од 13. коло во Лигата на шампионите.

Дибиров немаше свој ден ниту против Кристијанштад, но со својот специјалитет од крилната позиција го постигна петтиот најубав гол во ЛШ. На врвот се најде Лудовик Фабрегас, кој без гледање постигна гол за Барселона против неговиот поранешен клуб Монпелје. Најдобрите пет погодоци во 13. коло од Лигата на шампионите можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК .

Гедбан блесна во второто полувреме откако одлично го замени Милосављев, а Алжирецот на Вардар со одбранетиот зицер во претпоследната минута ја осигура победата во Шведска. Токму таа интервенција на Гедбан го освои второто место на оваа топ-листа, што можете да ја погледнете ОВДЕ.

Се вчитува...