Веќе се е јасно во Првата фудбалска лига на Македонија, откако Струга Трим Лум со гостинската победа над Шкендија од 0-2 успеа да ја одбрани титулата.
Најголем виновник за одбраната на титулата е стратегот Меритон Гега, кој по лошиот период го презема клубот и стигна до две големи победи кои на крајот беа клучни за освојување на шампионатот.
„Најпрво сакам да им се заблагодарам на играчите за натпреварот кој го одиграа на зелениот терен, беа перфектни во задачите што им ги дадовме, ова не е моја заслуга само за овие два натпревари, исто така не треба да го заборавиме и професорот Шпетим Дуро, кој долго време беше со нас, па да речеме дека и тој има заслуга за титулата. Сакам од се срце да им се заблагодарам за аплаузите на крајот од натпреварот, на навивачите на Шкупи. Можам да кажам дека беше добра игра од двете страни, но благодарение на головите кои ги постигнаа Бесарт и Марјануспеавме да ја постигнеме целта. Имав голема верба во играчите и тие се најзаслужни за оваа голема победа“, изјави Гега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА